Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска во второто коло на фјучрсот во Куршумлијска Бања, Србија во второто коло ќе игра против петтата носителка Катерина Лазаренко од Украина. Стоилковска вчера во мечот од првото коло со пресврт ја совлада Србинката Доротеја Петровиќ со 2-1 во сетови (36 62 61).
Нејзината ривалка Лазаренко пак денеска во првото коло ја совлада Маја Мишчевиќ од Србија со убедливи 2-0 (62 60).
Противничката на Стоилковска, Лазаренко има 18 години и се наоѓа на 919.место на ВТА листата.