Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска оваа недела ја очекува настап на фјучрс турнирот во романскиот град Бакау што се игра за награден фонд од 15.000 долари. Стоилковска немаше многу среќа со ждрепката бидејќи во првото коло за противничка ја доби првата носителка Тамара Чуровиќ од Србија. Ривалката Чуровиќ која има 28 години се наоѓа на 546-то место на ВТА листата, а најдобриот пласман во кариерата го имала пред 10 години кога била рангирана на 394-то место.
Стоилковска ќе настапи и во конкуренција на двојки заедно со Романката Диана Марија Михаил и на стартот за противнички ги имаат украинските тенисерки Алина Циурпалевич и Анастасија Запарниук.