Голем товар од мечевите на женската репрезентација понесе Магдалена Стоилковска, која најчесто беше прв играч што се појавуваше на теренот и требаше „да се крши мразот“. Таа ги одигра сите сингл мечеви, а постигна четири победи и два пораза (Финска и Ерменија), но во дубл мечевите со Ѓорческа беа одлични.
- По ланскиот пораз во финалето од Португалија едноставно „сонував“ дека оваа година во Скопје ќе успееме и тоа се отствари. Тежок беше мојот сингл меч, но во дубл повторно одигравем на ниво, изјави Стоилковска по големата победа.
Македонија во финалето ја победи Ерменија со 2:1.