Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска се пласира на главниот турнир во данскиот град Вејле откако успешно ги мина двете квалификациски кола. Таа во првото квалификациско коло ја победи Ема Кампер Малмкјаер од Данска по голема борба со 2-1 во сетови (62 57 10-8 на поени). За влез во главниот турнир нашата тенисерка денеска ја победи Изабеле Персон од Шведска со 2-0 во сетови (62 62).
Во првото коло на турнирот Стоилковска за ривалка ја има младата 18-годишната тенисерка од Данска Сарафина Оливија Хансен, која е без ранг на ВТА листата.
Инаку, турнирот во Вејле се игра за награден фонд од 15.000 долари.