Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска го заврши настапот во сингл на фјучрсот во романскиот град Бакау. Таа во прдолжението денеска загуби од романската тенисерка Симона Огеску (20 год., 958 ВТА) со 2-0 во сетови (63 63). Мечот вчера беше прекинат поради дожд при резултат 3:3 во гемови во вториот сет. Денеска се доиграа три гема.
Стоилковска за настапот во 2.коло ќе освои еден поен.
Мкедонската тенисерка денеска ја очекува уште најмалку еден меч и во конкуренција на двојки. Таа заедно со Романката Диана Марија Михаил треба да играат меч од првото коло, кој во неколку наврати беше одложуван поради временскиот услови. Противнички ќе им идат украинските тенисерки Алина Циурпалевич и Анастасија Запарниук.