Женската македонска тениска репрезентација ја обезбеди и втората победа во годинашново издание од Били Џин Кинг купот Трета Европска зона што се игра во Скопје. Вториот поен го донесе Магдалена Стоилковска која со максимални 2-0 во сетови (60 60) без загубен гем ја победи Лала Еивазова. Со овој исход нашите тенисерки ја потврдија фаворитската улога.
Во текот на мечот Стоилковска искористи 6 од 8-те брејк топки, додека успеа да спаси три брејк топки. Мечот траеше 43 минути и беше убава можност за Стоилковска која полека се враќа по повредата која ја имаше пред ова натпреварување.
Во првиот сингл меч Александра Симева ја победи Улвија Сулејманова со 61 и 61 во сетови.
Во мечот на двојки за Македонија ќе настапат Ива Данева и Ана Митевска и ќе играат против Еивазова и Сулејманова.
Фото: Денис Дуковски