Новото рангирање на ВТА листата донесе и напредок на Магдалена Стоилковска. Таа сега со 6 поени се наоѓа на 1312.место и има скок од 33 позиции. Тоа се должи на поенот од Врљачка бања.
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа истотака има подобар ранг и сега се наоѓа на 226.место (скок за седум позиции) со 322 поени, но во конкуренција на двојки таа има пад од 20 места. Сега се наоѓа на 303.место со 255 поени.
Македонските тенисерки оваа недела ќе имаат настапи на „Триглав опен“ во Скопје, а нивниот настап почнува од утре.