Македонските тенисери кои настапуваа на фјучрсот во Куршумлијска Бања денеска го завршија својот настап во мечевите од вторто коло. По голема борба и мартонски меч во нешто повеќе од три часа Горазд Србљак загуби од Алесандро Белифемине од Италија со 2-1 во сетови (64 57 61). За разлика од него Магдалена Стоиловска загуби од Слоенката Манца Пислак со 2-0 во сетови (61 61).
Србљак во првите два сета водеше голема борба со Белифемине. Во првиот сет нашиот тенисер водеше со 4:3 во гемови, а потоа по серијата од три гема Италијанецот го доби првиот сет со 6:4. Во вториот сет Србљак водеше со 5:2 во гемови, а противникот изедначи на 5:5, но до крајот на сетот македонскиот тенисер освои уште два гема и изедначи на 1:1. Но, во решавачкиот сет по 1:1 во гемови, Белифемине освои пет гема и го доби вториот сет со 6:1.
За разлика од него Столиковска одигра два сета и освои два гема за 75 минути, а потоа заедно со Романката Сабрина Дадациу го предадоа мечот на првите носители српските тенисерки Тамара Чуровиќ и Бојана Маринковиќ.
Двајцата за настапот во второто коло на овој турнир ќе освојат по еден поен.