Стоилковска и Марковски се дел од фјучрс турнирот во Куршумлијска Бања

April 30, 2024

Магдалена Стоилковска и Обрад Марковски утре (среда) ќе ги играат мечевите од првото коло на ИТФ фјучрс турнирот во Куршумлијска Бања во двете конкуренции. Двата турнира се од рангот М15 кај мажите и W15 кај жените. Стоилковска пласман на турнирот избори според рангот и утре во мечот од првото коло ќе игра против квалификантката од Русија Алиса Василева.

Обрад Марковски за ривал во првата рунда ќе го има квалификантот Ален Мујакиќ од Германија. Инаку, Марковски на главниот турнир настапува како „среќен губитник“. Тој денеска во третото коло од квалификациите загуби од Тадија Радовановиќ по голема борба со 2-1 во сетови. македонскиот тенисер го доби првиот сет со 7:6 во гемови (7:2 на поени во тај брејкот), а вториот сет му припадна на противникот со 7:5. Дека мечот беше изедначен покажува и решавачкиот сет кој со 12:10 на поени го доби српскиот тенисер. Инаку, Марковски во првите две квалификациски кола беше убедлив. Во првото го совлада Артур Марцинкевич од Белорусија со 2-0 во сетови (61 60), а во второто го победи Вардан Манукјан (Русија) со 2-0 во сетови (62 60).

Од македонските тенисери настапија и Горазд Србљак, кој имаше една победа над Астро Пилиповиќ од Србија 2-0 во сетови (61 60) и пораз во второто коло од квалификациите од Тадија Радовановиќ со 2-0 во сетови (75 64). Во првото квалификациско коло елиминиран беше Шендрит Деари, кој загуби од Италијанецот Андреа Медури со 2-1 во сетови (76(2) 57 11-9).

Во женска конкуренција и младата Ива Данева имаше настап во првото квалификациско коло и загуби од Дарја Волкова од Украина со 2-0 во сетови (75 61).

Сите македонски тенисери и тенисерки се пријавени за настап на турнирите во Куршумлијска Бања и за следната недела.

 

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани