Македонската тенисерка Магдалена Стоилоковска го заврши настапот на ИТФ фјучрс турнирот во Шарм Ел Шеик во Египет што се игра за награден фонд од 15.000 долари. Таа денеска во мечот од четвртфиналето загуби од полската тенисерка Дарија Куцер со 2-0 во сетови (62 62) за 101 минута игра. Стоилковска до четвртфиалето стигна откако претходно имаше две победи во квалификациите и две во првите две кола.
За разлика од претходните мечеви Стоилковска на денешниот меч не успеа да дојде до брејк топка или имаше само една, додека противничката од Полска имаше реализација од 33% (4/12).
Во првиот сет Куцер поведе со 2:0 и со 3:1 во гемови, а потоа со водството од 5:2 практично и го освои првиот сет. Во вториот сет по 3:1 за полската тенисерка таа дојде до предност од 5:2 што се покажа како недостижно за Стоилковска.
Магдалена Стоилковска со пласманот во четвртфиналето на турнир од овој ранг ќе освои три поени и ќе има скок на ВТА ранг листата кога овој турнир ќе биде рангиран, што во секој случај значи дека нашата тенисерка ја очекува скок на ВТА листата.