Магдалена Стоилковска не успеа да се пласира на главниот турнир на фјучрсот во Врњачка Бања што се игра за награден фонд од 25.000 долари. Таа во првото од трите квалификациски кола беше слободна, а во второто коло ја победи Теа Никчевиќ од Црна Гора со 2-0 во сетови (61 75).
Во финалето од квалификациите Стоилковска загуби од Ема Тохтова од Словачка со 2-1 во сетови. Првиот сет убедливо го доби Тохтова со 6:0 во гемови, додека на сличен начин Стоилковска го доби вториот сет со 6:2 во гемови. Во решавачкиот сет на поени подобра беше Тохтова со 10:5. Неизвесно беше до 6:5 за словачката тенисерка, која потоа со серија од четири поени го заврши сетот и обезбеди влез на главниот турнир.