Македонската тенисерка Лина Ѓорческа оваа недела бележи пад од 28 места на ВТА листата оваа недела. Ѓорческа има и 40 поени помалку – 283 од причина што лани на турнирот во чешкиот град Оломуц беше финалистка и освои 48 поени, а претходната недела играше во второ коло и освои 8 поени.
За разлика од неа, втората македонска тенисерка која се наоѓа на ВТА листата Магдалена Стоилковска запиш уште еден поен и сега има вкупно четири. Поенот го освои со настапот во второто коло на фјучрсот во романскиот град Бакау минатата недела.
Во конкуренција на двојки Ѓорческа има напредок од две места се наоѓа на 364 место со 205 поени, додека Александра Симева е на 1419 место со 8 поени.