Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска го загуби првиот меч во Новата 2025 година, откако денеска е поразена во првото коло на ИТФ фјучрсот W35 Најроби. Поуспешна од неа беше Германката Лорена Шедел, во три сета 2-1 во сетови (63 46 62) за два часа и 40 минути игра. Турнирот се игра на земја и за награден фонд од 30.000 долари.
Стоилковска мечот и првиот сет го почна со водство од 3:0 во гемови, но противничката успеа да се врати резултатски и го доби првиот сет со 6:3 во гемови. Во вториот сет македонската тенисерка успеа да се врати и изедначи на 1:1 во сетови откако го освои вториот сет со 6:4 во гемови. Во решавачкиот сет Стоилковска поведе со 1:0 во гемови, но ривалката повторно успеа да стигне до „брејк“ предност што и донесе помирна завршница на мечот и пласман во следната рунда.
Македонската тенисерка ја очекува уште еден настап на фјучрс турнир следната недела во Кенија (Најроби), но засега нашата тенисерка е дел од квалификациите на следниот фјучрс.