Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска успеа да се пласира во второто коло на фјучрсот во Шарм Ел Шеик. Таа ја совлада квалификантката Нина Рудикова од Русија со 2-0 во сетови (61 60) за 51 минута. Стоилковска истата ривалка ја победи и претходната недела на фјучрс во Египет, но тој меч се играше во три сета и беше решен во тај брејк.
Интересно е тоа што првиот гем во мечот го освои Рудикова и поведе со 1:0, но потоа следуваше серија на Стоилковска од 12 гема и првиот сет го доби со 6:1 во гемови, а следниот со 6:0 во гемови. Македонската тенисерка имаше реализација 6/9 на брејк топки, а во вкупниот број поени скорот беше 51:16.
Во следното коло Стоилковска ќе игра против четвртата носителка Романката Карола Патриција Беженару, која со 2-0 во сетови (60 61) ја совлада квалификантката Шанел Јансен од Холандија.