Втората македонска тенисерка која оваа настапува на турнирите Магдалена Стоилковска го заврши настапот на ИТФ фјучрсот во Куршумлијска Бања, Србија. Таа мечот од второто коло против првата носителка Димитра Павлу од Грција го предаде.
При водство на ривалката од 1:0 во сетови и 1:0 во гемови во вториот сет Стоилковска по 29 минути игра го предаде мечот. Инаку Павлу поведе со 2:0 во првиот сет, а потоа Стоилковска успеа да направи два брејка, но не стигна до изедначување бидејќи успеваше да намали на 2:1 и 3:2, а потоа грчката тенисерка направи серија од три гема за да го добие првиот сет со 6:2. Во вториот сет по само еден одигран гем Стоилковска го предаде мечот.
Македонската тенисерка е пријавена и има директно учество на следниот турнир што се игра исто во Куршумлијска Бања.