Женската репрезентација на Македонија поведе со 1:0 против Исланд во дуелот од 4.коло од Б групата од Третата Европска зона од Били Џин Кинг купот. Првиот меч на второрангираните тенисерки на двете репрезентации и припадна на Магдалена Стоилковска која со 2-0 во сетови (61 60) ја победи Ана Софија Гронхолм за 56 минути.
Ова беше очекуван исход особено што нашите тенисерки се фаворитки во денешниот дуел. Во првиот сет во првиот и во четвртиот гем се играше најдолго по 12 поена и двата гема ги доби Стоилковска. Таа во првиот сет водеше со 5:0 кога противничката го освои единствениот гем во мечот, а во вториот сет сликата беше уште поубедлива.
Во вториот меч ќе играат двете прворангирани тенисерки Лина Ѓорческа и Софија Солеј Јонасдотир, а потоа ќе следи мечот во двојки.
Фото: Игор Паневски