Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска беше на чекор до нова голема победа. Таа во мечот од првото коло на ИТФ фјучрс турнирот W15 Куршумлијска Бања загуби од третата носителка Пемра Озген од Турција со 2-1 во сетови (63 06 76(3)) во меч што траеше 2 часа и 24 миниути игра.
Таа по затубениот прв сет од 6:3 во гемови, одигра одличен втор сет и го доби без загубен гем со 6:0, а имаше и одличен почеток на решавачкиот сет и водство од 4:0 и 5:1 и само еден гем и недостасуваше за триумф и пласман во второто коло. Но, Турчинката Озген ја прекина серија од десет гема на Стоилковска и се врати резултатски успеа да освои четири гема во низа и да изедначи на 5:5, а потоа откако беше 6:6 мечот беше решен во тај брекот. Ривалката на Стоилковска поведе со 4:1 и 6:2 на поени што се покажа за решавачко.
Поразот во сингл мечот не беше пречка за македонската тенисерка, која во игра на двојки заедно Русинката Екатерина Козлонова ги победија четвртите носителки Соња Касани и Ана Гиралди Рекуена од Шпанија со 2-0 во сетови (75 63). Утре во меч од второто коло ќе играат против тенисерките од Естонија Грете Гул и Ана Марија Тоттруп.
Два пораза „запишаа“ македонските тенисери кои преку квалификациите стигнаа до главниот турнир за мажи М25 Куршумлијска Бања. Обрад Марковски загуби од Јаник Келм од Германија со 2-0 во сетови (62 64), додека Шендрит Деари е поразен од Стефан Вујиќ од Австралија со 2-0 во сетови (75 64).
На машкиот дел од турнирот утре во второто коло настап ќе има Горазд Србљак, кој за противник го има Бранко Ѓуриќ од Србија.