Стартуваат мечевите од екипното државно првенство – Југ ја брани титулата

July 14, 2024

Во периодот од понеделник до четврток ќе се одигруваат мечевите од Државното екипно првенство на Македонија во тенис. Оваа година седум екипи ќе настапат во следните четири дена, а поделени се во две групи (една со три екипи, а втората со четири). Победниците на групите во четврток ќе играат во финалето, а второпласираните ќе е борат за третата позиција.

Според распоредот во групата 1 се екипите: Југ од Скопје, Неготино од Неготино и Тумба од Куманово, а во групата 2 се Поинтер од Скопје, МТП од Скопје, Битола од Скопје и Мондано од Скопје.

Во првото коло во понеделник ќе играат: Југ – Тумба, Поинтер – Мондано и МТП – Битола, а слободна е екипата на Неготино. Почетокот на мечевите е во 9 часот, а ќе се играат на терените на ТК Југ.

Како дел од екипите се актуелни и поранешни македонски репрезентативци, како и младите тенисери, кои ќе бараат шанса за добар резултат.

Титулата од минатата година ја бранат тенисерите на Југ.

 

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани