Младиот македонски тенисер Андреј Темов со победа го почна турнирот за играчи до 12 години во Мајорка на Академијата на Рафаел Надал. Темов во првиот меч од групата Е го совлада домашниот тенисер Марк Марко Хуан од Шпанија со 2-0 во сетови (61 64).
Во второто коло од групата Темов за противник го има Лука Митровиќ од Хрватска, додека последен противник во групата ќе му биде Лука Сагедер од Австрија. Во вториот меч од групата од првото коло Сагедер го совлада Митровиќ со 2-0 во сетови (63 75).
Победникот од групата ќе ги продолжи натпреварите во четвртфиналето. 32-цата тенисери се поделени во осум групи по четири играчи.
Темов е пријавен и во конкуренција на двојки каде заедно со Адиан Куртцехајиќ од БиХ треба да играат во првото коло против Адриан Шеин (Естонија) и Адам Зикмунд (Чешка).