Стартна победа за Македонија над Јужна Африка во БЏК купот

April 7, 2025

Со убедливи две победи во сингл мечевите македонските тенисерки со триумф над Јужна Африка (2-1 конечен резултат) ги стартуваа мечевите од Втората Евро-африканска зона од Били Џин Кинг (БЏК) купот што се игра во Ларнака, Кипар. Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска забележаа убедливи победи и двете на своите противнички им препуштија по три гема во мечевите. Ова е втора победа во двата меѓусебни мечеви со Јужна Африка.

Во првиот меч Стоилоквска ја совлада Дона Ле Ру со 2-0 во сетови (63 и 60) за 40 минути игра. Во вториот меч Ѓорческа на идентичен начин успеа да дојде до победа во мечот со Мари Луи Ван Зил со 2-0 во сетови (62 61).

Селекторот Димитар Лабудовиќ се реши во мечот во двојки да настапат Јана Божиновска и Ана Митевска кои одиграа против Дона Ле Ру и Џени Ван Зил. Тенисерките од Јужна Африка победија со 2-0 во сетови (62 60).

Утре Македонија ќе игра против Норвешка, која во денешниот дуел од првото коло од групата Ц оствари победа од 3:0 против Косово.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани