Македонскиот тенисер Горазд Србљак ја мина првата пречка на фјучрсот во Куршумлијска бања, Србија (награден фонд 15.000 долари). Тој попладнево го совлада домашниот тенисер Александар Михаиловиќ со 2-1 во сетови (36 63 62) за 2 часа и 30 минути игра.
Првиот сет му припадна на српскиот тенисер кој по 3:3 во гемови направи серија од три гема и сетот го заврши со 6:3. Во следниот сет Србљак по 2:2 во сетот успеа да направи брејк и да поведе потоа со 4:2 и предноста ја зачува до крајот на сетот што го доби со 6:3.
Во решавачкиот сет македонскиот тенисер имаше целосна контрола откако противникот поведе со 1:0 и 2:1, Србљак направи серија од пет гема и го доби сетот со 6:2, а со тоа и мечот со 2-1 во сетови.
Утре во второто коло Србљак ќе игра против носителот број 5 Свјатослав Гулин.