Македонскиот тенисер Горазд Србљак избори пласман во второто коло на фјучрсот во Куршумлијска Бања што се игра за награден фонд од 15.000 долари. Тој денеска во мечот од првото коло го совлада Американецот Дејвид Прасиеви со 2-0 во сетови (61 63).
Сигурниот почеток и петте освоени гема на нашиот тенисер му донесоа предност од 5:0 и сетот го заврши со резултат од 6:1. Во вториот сет Србљак поведе со 4:0 со што само навести дека е на прагот на победа со освојување и на вториот сет. Во продолжението противникот освои три гем пред Србљак да го освои шестиот гем за да го добие и вториот сет. Мечот траеше 1 час и 17 минути.
Утре во второто коло Србљак ќе игра против квалификантот Лука Павловиќ од Франција (23 години, 840 место АТП).
Ова ќе биде нивни трет меѓусебен дуел. Во првиот во 2016 година Србљак во Сокобања победи со 2-0 во сетови (76 76), додека во вториот во Пирот во 2021 година триумфираше Павловиќ со 2-0 во сетови (61 63).