Македонскиот тенисер Горазд Србљак успеа да се пласира во второто коло на фјучрсот во Куршумлијска Бања откако во првото коло денеска го совлада младиот српски тенисер Вук Раѓеновиќ (18 години, 1537.место АТП) со 2-1 во сетови (63 16 64) за 2 часа и 37 минути игра. Србљак има серија од три победи откако имаше два триумфа и во квалификациите. Во следната рунда противник ќе му биде Жоао Едуардо Шиесл од Бразил, кој со 2-0 во сетови (62 и 76(6) го победи Стефан Поповиќ (7.носител) од Србија.
Србљак добро го почна мечот и поведе со 1:0 во сетови. По 2:2 во гемови македонскиот тенисер го направи првиот брејк и поведе со 3:2, а потоа и со 4:2 на свој сервис освои гем. Вториот брејк во сетот го направи во деветтиот гем за 6:3. Но, вториот сет мина во знакот на Раѓеновиќ, кој имаше водство од 4:0, а потоа го реализираше сетот со 6:1.
Во решавачкиот сет Србљак поведе со 2:0, но ривалот изедначи на 2:2, потоа следуваше нова серија од два гема за македонскиот тенисер за 4:2 предност која ја зачува до крајот на сетот и со тоа го доби сетот со 6:4, а воедно и мечот.