Македонскиот тенисер Горазд Србљак избори пласман во четвртфиналето на ИТФ турнирот во Куршумлијска Бања. Тој денеска во мечот од второто коло го совлада третиот носител Федерико Бондиоли од Италија со 2-1 во сетови (63 46 63) за 2 часа и 45 минути игра.
Нашиот тенисер имаше четири брејка во мечот од 14 можности, додека противникот имаше само два од пет шанси. Токму поголемиот број брејкови му донесоа пласман во четвртфиналето на Србљак. Во првиот сет по 3:2 во гемови за Италијанецот, Србљак напарви серија од четири гема и првиот сет го заврши со 6:3 и водство од 1-0. Во вториот сет нашиот тенисер поведе со 3:2, но противникот направи серија од три гема за да го презеде водството со 5:3 што се покажа решавачко бидејќи сетот го заврши со 6:4 и изедначи на 1-1. Во решавачкиот сет Србљак поведе со 4:1 во гемови, а потоа по голема борба и 12 одиграни поени го доби и седмиот гем во сетот за водство од 5:2 што беше најава за победата од 2-1 во сетови откако сетот го „заклучи“ со 6:3.
Во четвртфиналето утре Србљак ќе игра против седмиот носител Луи Теса од Франција, кој во второто коло го совлада квалификантот Александар Љубојевиќ од Србија со 2-0 во сетови (64 75).