Македонскиот тенисер Горазд Србљак го загуби четвртфиналето на ИТФ фјучрс турнирот М15 Куршумлијска Бања. Тој денеска загуби од третиот носител Јанаки Милев од Бугарија со 2-1 во сетови (61 46 63) во меч што траеше 2 часа и 16 минути игра. Србљак на патот до четвртфиналето каде беше совладан имаше пет победи откако на турнирот настапуваше и во квалификациите.
Првиот сет фаворитот третиот носител Милев (20 години, 536.место) го доби со 6:1 во гемови, а во вториот сет под 2:2 имаше и водство од 4:2. Но, потоа следуваше најдобриот период од мечот за македонскиот тенисер, кој направи два брејка и со серија од четири гема го доби вториот сет со 6:4 и успеа да изедначи на 1:1 во сетови. Но, во решавачкиот сет противникот поведе со 4:0 во гемови, а Србљак успеа да освои три гема и сетот заврши со 6:3.
Инаку, во четвртфиналето пласман имаа обезбедено шест од осумте носители, а покрај Србљак како квалификант играше Вук Раџеновиќ.