Македонскиот тенисер Горазд Србљак го загуби мечот од првото коло на фјучрсот во Анталија (награден фонд 15.000 долари) од холандскиот тенисер Стиј Слумп со 2-1 во сетови (67(8) 63 61) во меч што траеше два часа и 51 минута. Србљак на главниот турнир успеа да се пласира откако оствари три победи претходните три дена во калификациите.
Првиот сет му припадна на македонскиот тенисер, кој го доби тај брекот, а сетот беше со пресврти. По водството на Слумп од 3:2 во гемови, Србљак направи серија од три гема за водство од 5:3, но противникот се врати и имаше водство од 6:5, но нашиот тенисер се избори за тај брејк. Противникот поведе со 5:3 на поени, но Србљак имаше серија од три понеи за 6:5, а потоа со втората серија од три поени стигна до 10:8 на поени и водство од 1:0 во сетови.
Во вториот сет македонскиот тенисер почна одлично и поведе со 2:0 во гемови, но следуваше пад резултатски откако ривалот имаше серија од четири гема и поведе со 4:2 што беше предност доволна вториот сет да го заврши со 6:3. Во решавачкиот сет по 1:1 во гемови, Слумп имаше серија од пет гема и го сетот со 6:1, а со тоа и мечот со 2:1 во сетови.
Подобрата игра на свој сервис и освоени 12 од 14 гема за холандскиот тенисер се покажаа како клучни во мечот, додека Србљак имаше 8 од 14 освоени гемови на свој сервис.