Македонскиот тенисер Горазд Србљак го зауби мечот од второто коло на фјучрсот во Нови Сад (награден фонд 15.000 долари). Тој денеска загуби од четвртиот носител Флоран Бакс од Франција со 2-0 во сетови (60 63) за нешто помалку од 100 минути. Нашиот тенисер сепак имаше добар настап на овој фјучрс откако успешно ги мина квалификациите (три победи), а потоа оствари и победа во првото коло. За пласманот во второто коло Србљак ќе освои и еден поен.
Во денешниот меч противникот на Србљак (24 год. 602 АТП луста) почна одлично и во првиот сет не изгиби ниту еден гем и сетот го заврши со 6:0 во гемови. Во вториот сет Србљак повторно беше во негатива и противникот поведе со 3:0 што се покажа како недостижно, па така сетот заврши со 6.3 во гемови.
Следната недела Горазд Србљак е пријавен за настап на фјучрс турнир во осиек, но според сегашната ситуација нема да треба да игра квалификации и има настап во главниот турнир што се игра за награден фонд од 25.000 долари.