Со завршување на викенд мечевите АТП листата во понеделник ја објавува новата ранг листа, а оваа недела тројца македонски тенисери се наоѓаат на неа. Наш најдобро рангиран тенисер е Калин Ивановски со 131 поен (истокако и претходната недела), но има пад од четири места и се наоѓа на 366-та позиција.
Скок од 40 места има Гораз Србљак, кој сега е рангиран на 1117 место со 8 поени. Овој напредок кај Србљак се должи што неколку недели во континуитет има пласман во второто коло на фјучрс 15 турнирите. Пласман од нашите тенисери има уште Обрад Марковски, кој е на 1213 место со 6 поени и пад од 59 места.
Во конкуренција на двојки Ивановски е на 583 место (пад 17 места) и четири поени помалку од пртеходното рангирање (86). Марковски е на 988 место со 32 поена (пад за пет позиции), додека Берк Бугариќ е рангиран на 1263 место со 16 поени, а има скок од 13 места. Без промена на рангот и поените е Србљак со 11 поени на 1453 место.