Македонските тенисери Горазд Србљак и Обрад Марковски се дел од учесниците на уште еден турнир во Куршумлијска Бања. Тие во првото коло ќе играат против носители во „главниот турнир“. Србљак за ривал го има Италијанецот Карло Алберто Чаниато од Италија (седми носител), додека Марковски за противник го има Хајато Мацуока од Јапонија (петти носител).
Србљак оваа недела напредуваше на АТП листата и се наоѓа на 1119.место со скок од 36 позиции има директно учество на турнирот, додека Марковски успешно ги мина квалификациите. Тој во првото квалификациско коло го победи Јован Цирковиќ од Србија со 2-0 во сетови (60 64), а во втората квалификациска рунда беше поуспешен од Булат Галиев од Русија со 2-1 во сетови (62 46 10-8), а за влез на главниот турнир го надигра Егор Горин од Русија со 2-0 (63 60).
Мечевите од првата рунда на главниот турнир се играат утре – среда.