Македнскиот тенисер Горазд Србљак оваа недела настапува на фјучрсот во Куршумлијска Бања и успешно ги мина двете квалификациски кола. Во првиот меч го победи Американецот Алекс Банцила со 2-0 во сетови (62 64) за 100 минути игра, а во вториот меч или финалото квалификациско коло го победи Габриел Шенекененебрег од Бразил со 2-0 во сетови (63 62) за 101 минута игра.
Утре во првото коло од „главниот“ турнир што се игра за награден фонд од 15.000 долари тој ќе игра против јуниорот од Србија Вук Раѓеновиќ (18 годии, 1545 место на АТП).
На женскиот дел од турнирот во квалификациите настапи и младата македонска тенисерка Ива Данева. Таа во првото коло ја победи Миља Љубиќ од Србија со 2-0 во сетови (60 62), а во второто квалификациско коло загуби од Нина Алибалиќ од Австралија со 2-0 во сетови (63 61).