Србљак експресно во второто коло на фјучрсот во Нови Сад

August 2, 2023

Македонскио тенисер Гразд Србљак по успешно минатите квалификации на фјучрсот во Нови Сад ја мина и првата пречка на главниот турнир. Србљак во првото коло со 2-0 во сетови (63 60) го победи Никола Јокиќ од Србија. Србљак без проблеми го совлада 16-годишниот тенисер од Србија кој на турнирот играше со вајлд карта.

Србљак во текот на целиот меч имаше контрола над резултатот и без поголеми проблеми го доби мечот со 2-0 во сетови (63 60) за 75 минути.

Утре во мечот од второто коло Србљак ќе игра против четвртиот носител Флоран Бах од Франција (24 години, 602 место АТП листа).

 

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани