Македонскиот тенисер Горазд Србљак, кој настапува на фјучрсот во Куршумлијска Бања денеска треба да го игра продолжението од вчера прекинатиот меч од второто коло. Негов противник е Бразилецот Жоао Едуардо Шиесл, а и двајцата тенисери преку квалификациите стигнаа на главниот турнир.
Инаку, мечот е прекинат при водство од 5:4 за Србљак во првиот сет на сервис на бразилскиот тенисер и резултат 15-0. Победникот од мечот во 1/4 финалето ќе игра против вториот носител Леонардо Абојан од Аргентина.
Продолжението на мечот ќе почне 9 часот.