Македонскиот тенисер Горазд Србљак ги заврши мечевите на ИТФ фјучрс M25 турнирот во Куршумлијска Бања, Србија. Тој денеска во мечот од вторто коло загуби од Бранко Ѓуриќ со 2-0 во сетови (63 62) за 92 минути. Ова беше втора победа за српскиот тенисер во меѓусебните мечеви со Србљак.
Во првиот сет Ѓуриќ направи предност со водството од 4:1 и 5:2 во гемови и сетот го заврши со 6:3, додека во вториот сет Србљак поведе со 1:0, но потоа следуваше серија од пет гема за ривалот и водство од 5:1. До крајот на мечот двајцата тенисери освоија по еден гем и вториот сет заврши со резултат 6:2.во гемови.
Србљак е пријавен за настап и на следниот фјучрс турнир во Куршумлијска Бања, каде во квалификациите се пријавени заедно со него и Обрад Марковски и Шендрит Деари.