Македонскиот тенисер Горазд Србљак има скок од 22 места на денеска објавената ранг листа на АТП. Тој се наоѓа на 1079.та позиција со 11 поени или еден повеќе од претходната недела.
Најдоброрангиран македонски тенисер и натаму е Калин Ивановски – 331.место (нема промена), но има три поени повеќе од претходното рангирање – 161.
Трет македонски тенисер со ранг е Обрад Марковски, кој има пад од 119 места и се наоѓа на 1.493.то место со три поени или еден помалку.
Во конкуренција на двојки Ивановски е рангиран на 628.то место со 79 поени, додека Берк Бугариќ е рангиран на 1348.то место (пад за девет позиции) со 16 поени. Марковски зауби 8 поени и со вкупно 13 има пад за 263 места и се наоѓа на 1483.то место. Елдин Хусеиновиќ со три поени е рангиран на 2125.то место со пад за 33 места.
Од македонските тенисери Калин Ивановски денеска го игра мечот од второто коло од Челинџер 125 турнирот во Братислава.