Македонскиот тенисер Горазд Србљак не успеа да стигне до победа во мечот од второто коло на ИТФ турнирот во Куршимлијска Бања. Тој денеска при водство на противникот Стефано Д’Агостино од Италија од 1-0 во сетови и 3:2 во гемови во вториот сет го предаде мечот.
Ривалот на Србљак на стартот од мечот направи брејк за водство од 1:0, а македонскиот тенисер успеа да врати и да изедначи, а потоа о да поведе со 2:1. Сепак клучниот момент во првиот сет беше седмиот гем кога тенисерот од Италија направи нов брејк и сетот го заврши со 6:4 во гемови. И вториот сет беше изедначен и при резултат 3:2 во гемови и 40/15 во честиот гем македонскиот тенисер го предаде мечот.
Србљак оваа недела го подобри пласманот за 36 позиции и сега се наоѓа на 1119-то место со 10 поени.