Македонскиот тенисер Горазд Србљак го заврши настапот во првото коло на фјучрсот во грчкиот град Ираклион на Крит. Тој во денешниот меч од првото коло загуби од Американецот Мајкл Зу со 2-0 во сетови (64 60) за 97 минути игра. Србљак и претходната недела имаше настап во првото коло на фјучрс во Ираклион, кога истотака беше елиминиран во првото коло.
Во денешниот меч борба се водеше во првиот сет, кој со 6:4 го освои противникот. Зу поведе со 4:1, но Србљак успеа да намали на 4:3, сепак предноста од брејк повеќе беше решавачка и недостижна за македонскиот тенисер, па сетот со 6:4 во гемови му припадна на Американецот Зу. Во вториот сет противникот на Србљак искористи три од осумте брејк шанси, додека нашиот тенисер не реализираше ниту една од двете.
Србљак за пласманот во првото коло мораше да победи во три меча во квалификациите.