Србљак го доби маратонот во Куршумлијска Бања

July 31, 2024

По три часа и 24 минути македонскиот тенисер Горазд Србљак успеа да избори пласман во второто коло на ИТФ фјучрс турнирот во Куршумлијска Бања. Тој во маратонскиот меч го победи Јан Кобиерски од Австрија со 2-1 во сетови (36 75 64) и утре во мечот од вторто коло ќе игра против третиот носител Федерико Бондоли од Италија.

Мечот беше одигра во три сета и 31 гем, а првиот сет му припадна на Кобиерски со 6:3, кој веднаш на стартот направи брејк и таа предност ја чуваше до самиот крај што му донесе и водство од 1-0 во сетови. Во вториот сет предноста беше за македонскиот тенисер кој водеше со 2:0, а потоа и со 4:2 и 5:3 во сетот, за сепак до изедначување на 1-1 да стигне откако вториот сет заврши со 7:5 во гемови за Србљак.

Во решавачкиот сет нашиот тенисер, беше во негатива од 3:1 и 4:2 во гемови, но сепак со серија од четири гема успеа да направи пресврт и со 6:4 во гемови да го добие третиот сет.

Денеска во конкуренција на двојки на истиот турнир настапи и Обрад Марковски заедно со Стефан Латиновиќ од Србија, кои загубија со 2-1 во сетови (61 46 10-7) од српско-грчаката комбинација Вук Раџеновиќ и Аристотелос Танос.

 

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани