Тројца македонски тенисери беа дел од квалификациите на фјучрс турнирот во Куршумлијска бања, а единствено Горазд Србљак успеа да избори пласман на главниот турнир. Но, во денешниот меч од првото коло загуби од Емилиен Демане од Белгија со 2-0 во сетови (63 64). Инаку, Србљак успешо ги мина квалификациите остварувајќи три победи и притоа за пласман на главниот турнир во решавчкиот меч беше подобар од Шендрит Деари, откако противникот го предаде мечот. Во првото коло од квалификациите Србљак го совлада Луиџи Кастелети од Италија со 2-0 во сетови, додека во второто квалификациско коло беше поуспешен од Доминик Дукариу од Германија со 2-0 во сетови.
Деари до мечот со Србљак постигна две победи во првото квалификациско коло го совлада Радован Михалик од Словачка со 2-1 во сетови, додека втората победа му беше против Кристофер Булус од Нигерија со 2-0 во сетови.
Третиот македонски тенисер кој настапи во квалификациите беше Обрад Марковски. Тој во првата рунда го совлада Ноа Лопез од Швајцарија со 2-0 во сетови, додека во втората рунда загуби од Сергеј Погосиан со 2-0 во сетови.
Проблемите со дождот беа присутни и на машкиот дел од турнирот, па така Србљак и Деари вчера одиграа по два меча во квалификациите.
Инаку, македонските тенисери се пријавени и за следниот турнир што се игра на истата локација.