Македонскиот тенисер Горазд Србљак успеа да „влезе“ на главниот турнир на фјучрсот во Нови Сад што се игра за награден фонд од 15.000 долари. Тој во трите квалификациски кола постигна три победи. Во денешното финално коло го победи Аргентинецот Лоренцо Гаљардо (23 години, 997 АТП место) со 2-1 во сетови. Првиот сет го доби Србљак си 7:5 во гемови, а во вториот Гаљардо беше поуспешен откако го заврши сетот 6:3 во гемови. Во шестиот гем на сервис на Гаљардо, Србљак испушти четири брејк топки за водство од 4:2, а противникот тоа го искористи и го доби сетот.
Во решавачкиот сет Србљак беше доминантен и поведе со 6:0, а потоа и со 9:1 за сетот да го добие со 10:2 на поени. Инаку, ова беше денеска втор меч за македонскиот тенисер, откако најпрвин го заврши дуелот со Алексеј Хомих од Русија во кој водеше со 7:5 и 3:1 и го завршис со 62 во вториот сет. Мечот вчера беше прекинат во вториот сет при 3:1 во вториот сет за Србљак. Во првото коло Србљак го победи Словенецот Марсел Знудерл со 2-1 во сетови (67(5) 63 10-2).
Негов ривал во првата рунда ќе му биде 16-годишниот тенисер од Србија Никола Јовиќ кој на турнирот настапува со вајлд карта, а Србљак го победи во нивниот единствен меѓусебен дуел одигран во Куршумлијска Бања оваа година.