Македонската репрезентација утре во рамките на третото коло од Третата Евроска зона од Били Џин Кинг купот го игра „финалето“ во групата Б против селекцијата на Финска, која на ова натпреварување е еден од двата носители. Двете репрезентации во првите две кола постигнаа победи од 3:0.
Македонија ја победи Албанија, а потоа славеше и над Азербејџан, додека Финска на стартот го победи Азербејџан, а денеска одигра еден неизвесен дуел против селекцијата на Молдавија.
За Македонија денеска не настапи нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа, кој по триумфот над Албанија истакна:
- Оваа година натпреварувањето е посилно од лани. Сметам дека дуелот со Финска ќе биде „финале“ во нашата група, а ако сакаме да играме во сабота во финалето ќе мора да ги победиме сите ривали во групата.
Ако се водиме според рангирањето утре први на Централниот терен ќе треба да се појават второрангираните тенисерки за Македонија Магдалена Стоилковска и Лаура Хиетаранта, а потоа би следен мечот на двете прворангирани тенисерки од репрезентациите: Лина Ѓорческа и Анастасија Куликова. Трет меч е дуелот во двојки.
Со поддршка од трибините македонските тенисерки можат да постигнат многу односно да го совладаат фаворитот во нашата група. Мечевите почнуваат во 10 часот, а влезот е слободен.