Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа има за четири места подобар ранг од претходната недела на ВТА листата и се наоѓа на 235.то место. Таа на новото рангирање има седум поени повеќе односно 319, за пласманот во четвртфиналето на фјучрсот во Анталија.
Во конкуренција на двојки Ѓорческа има скок за едно место – 373, со истиот број на поени – 226.
Магдалена Стоилковска, пак има пад за една позиција и се наоѓа на 1212.то место со 9 поени.