СООПШТЕНИЕ – одложени турнири за престојниот викенд

June 19, 2024

Почитувани,

Со овој допис Ве известуваме дека Натпреварувачко-Судискиот Комитет на ТФСМ во соработка и консултација  со Тениските Клубови од Скопје, како и со надлежните Државни здравствени органи, донесе Одлука, предвидените,

–       Турнир во детски Тенис Црвен и Портокалов од 22-23.06.2024 година во организација на ТК Поинтер-Скопје,

–       ОПМ за Јуниори и Јуниорки до 12 години од 22-24.06.2024 година во организација на ТК Мондано-Скопје и

–       ОПМ за Јуниори и Јуниорки до 16 години од 22-24.06.2024 година во организација на ТК Академија Аеродром се ОДЛОЖУВААТ ,

од причина предвидени енормно високи температури во периодот предвиден за оддржување на турнирите, кои ќе достигнат блиску и околу 40 степени целзиусови, како и најавениот висок степен на УВ индекс.

За оддржувањето на истите Тениски Турнири  дополнително и благовремено ќе бидете известени.

Судиско-Натпреварувачки Комитет на ТФСМ, Антонио Радојничкиќ

 

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани