Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска по настапите на фјучрс турнирите во Шарм Ел Шеик напредуваше 33 позиции на ВТА листата и се наоѓа на 1230.то место со 8 поени. Воедно Стоилковска оваа недела ја очекува уште еден настап на турнир со награден фонд од 25.000 долари. Во второто коло од квалификациите ќе игра против Алисија Формела од Полска.
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа пак има пад од три места и се наоѓа на 215.то место со 357 поени, додека во конкуренција на двојки има скок од две позиции и е рангирана на 363.то место со 226 поени.