Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со скок од една позиција ја почнува новата 2024 година. Таа се наоѓа на 212.то место со 364 поени (24 турнри). Воедно за Ѓорческа претстои нов предизвик на стартот од следната недела, настап во квалификациите на Австралија Опен.
Во конкуренција на двојки Ѓорческа има пад за четири позиции и се наоѓа на 368.то место со 226 поени (7 турнири).
Од македонските тенисерки Магдалена Стоилковска се наоѓа на 1.211.то место со 9 поени (9 турнири) и има пад од три места на ВТА листата.