Успешен настап имаа македонските млади тенисери на турнирот во Пеќ, Косово. На турнирот од ранг Ј30 Пеќ Амар Хусеиновиќ победи во поединечна конкуренција. Тој во финалето го совлада Диего Сабатини од Италија со 2-0 во сетови (62 60), а притоа сите мечеви до финалето ги доби во два сета. Со овој триумф Амар Хусеиновиќ ја потврди улогата втор носител на турнирот.
На истиот турнир во конкуренција на двојки Александар Трифуновски играше во финалето заедно со Никита Грибјавин од Естонија. Тие во финалето загубија со 2-0 (63 64) во сетови од Марс Аргун и Егемен Карман од Турција.
Забележителен настап имаше и македонската тенисерка Катја Ивановска која на турнирот на Златибор загуби во четвртфиналето од Русинката Злата Самоилова со 2-0 во сетови.