Македонската тенисерка Александра Симева го донесе првиот поен за Македонија во денешниот дуел од второто коло против Азербејџан од Третата Европска зона од Били Џин Кинг купот што се игра во Скопје. Таа во првиот денешен меч ја победи Улвија Сулејманова со 2-0 во сетови (61 61) за 50 минути игра. Ова за Симева е вкупно трета сингл победа во мечевите на македонскиот национален тим.
Во првиот сет Симева поведе со 3:0 во гемови кога противничката го освои единствениот гем, а потоа следуваше уште една серија на Симева за 6:1. Во вториот сет македонската тенисерка имаше водство од 2:0, кога противничката повторно со брејк дојде до единствениот гем во сетот исто како и во првиот сет. Симева сетот го заврши со четири гема во низа за уште еден сет од 6:1. Нашата тенисерка имаше 6 аса, а 7/9 брејк топки, додека противничката имаше 2/4 брејк топки.
Во вториот меч ќе играат Магдалена Стпилковска и Лала Еивазова, додека во дубл за Македонија се пријавени младите Ива Данева и Ана Митевска.
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа денеска нема да настапи.
фото: Денис Дуковски