Младата македонска тенисерка Сара Митевска со две полуфиналиња во двете конкуренции го заврши квалитетниот турнир за тенисерки до 14 години од категорија 1 на кој настапуваше во Аликанте, Шпанија. Таа во мечот од четвртфинале ја совлада втората носителка Марија Валентина Поп од Романија, а во полуфиналето загуби од Турчинката Ајше Бал.
За впечатоците од турнирот, но и за тоа како изминаа деновите на заедничка работа со најголем дел од најдобри млади тенисери и тенисерки од Европа македонската тенисерка вели:
- Многу сум среќна што бев избрана во Грем Слам туринг тимот проект на ITF и Tennis Europe. Ова искуство беше од големо значење за мене. Имав можност да настапувам на многу квалитени турнири и да тренирам со квалитетни играчи. За време на турнеата мојата игра беше во нагорна линија, а доказ се резултатите на последните два турнири. Голема благодарност до тренерите Ирина Кузмина Римша и Горан Шевченко од кои имав шанса да научам многу.
Во конкуренција на двојки во Аликанте (Академија Ферер) настапуваше заедно со Британката Софија Тејту и во полуфиналето по голема борба загубија од првите носителки Германката Викторија Цесоните и Романката Поп (победнички на турнирот во двојки) со 2-1 во сетови и 10: 8 на поени во решавачкиот сет.
Резултатите постигнати изминативе турнири секако ќе значат и напредување на Сара на ранг листата на Tennis Europe.