Младата македонска тенисерка Сара Митевска го освои турнирот Југ Опен 2024 што изминатава недела се играше на терените на ТК Југ во Скопје. Таа до победничкиот пехар стигна без загубен сет, со само седум загубени гема во петте меча. Во финалето Митевска беше убедлива против Дарија Белјакова од Русија и со максимални 2-0 во сетови (60 60) ја надигра противничката.
На патот до финалето македонската тенисерка беше убедлива на стартот и во првиот меч ја победи Трајановска од Р.Ирска со 2-0 во сетови (60 60). Во следниот меч беше подобра од Даниела Мариани од Италија со 2-0 во сетови (61 60), а во четвртфиналето ја совлада Чиона Онунта од Холандија со 2-0 во сетови (61 61).
Во полуфиналето одигра и најмногу гемови вкупно 15 за победа над Жастина Фуш од Франција со 2-0 во сетови (63 60).
Со овој триумф Сара Митевска ја потврди и улогата прва носителка на турнирот.
Во машка конкуренција Марко Алексовски турнирот го заврши во четвртфиналето.
Од понеделник 29.април почнува нов турнир во младински категории за тенисерки и тенисери до 18 години.