14-годишната македонска тенисерка Сара Митевска играше во финалето на турнирот во Омилос Протатлитон во Солун. Ова за младата македонска тенисерка е одличен резултат од причина што играше со повозрасни конкуренти бидејќи турнирот беше за тенисерки до 16 години од категорија 3. Во финалето Митевска загуби од првата носителка Катерина Устабасиду со 2-0 во сетови (63 63).
На патот до финалето Митевска, која беше рангирана како петта носителка забележа четири победи против конкурентки сите од Грција. Во првото коло Митевска беше слободна, а во второто коло со максимлани 2-0 (60 60) без загубен гем ја совлада Марија Јоану. Во следната рунда – осминафиналето ја совлада Хариклеа Зина (10-та носителка) со 2-0 во сетови (61 63), додека во четвртфиналето беше поуспешна од Хрисула Параскевопулу (4-та носителка) со 2-0 во сетови (63 60).
За пласманот во финалето нашата тенисерка ја совлада Фотеини-Нефели Фасула (7-ма носителка) со 2-0 во сетови (76(1) 60):
Во конкуренција на двојки Митевска со Никол Нунева од Бугарија стигнаа до полуфиналето.