Сан Марино изедначи на 1:1 – дублот ќе решава за победникот и опстанокот

June 17, 2023

Со победата на Марко Де Роси против Обрад Марковски репрезентацијата на Сан Марино го изедначи резултатот на 1:1 во дуелот со Македонија за опстанок во Третата Европска зона што се игра во Ларнака, Кипар. Тенисерот на Сан Марино беше убедлив во текот на целиот меч и победи со резултат 2-0 во сетови (60 и 61) за 54 минути игра.

Единствениот гем нашиот тенисер го освои во третиот гем од вториот сет кога намали на 2:1, а воедно тоа беше и најдолгиот гем во мечот кога беа одиграни вкупно 18 поени. Во текот на мечот Де Роси искористи 6 од 12.те брејк топки што ги имаше.

Во првиот сингл меч Берк Бугариќ го победи Матија Мурачини со 2-0 во сетови (75 62).

Откако двете репрезентации добија по еден сингл меч, дуелот во двојки ќе решава за победникот. За Македонија ќе играат Берк Бугариќ и Амар Хусеиновиќ, додека за Сан Марино се пријавени Марко Де Роси и Филипо Томесани. Мечот ќе почне по времето за одмор што ќе го добијат Марковски и Де Марко.

 

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани